ФОТО: Дехари ги исчисти улиците на Кичево

Од:

Во рамки на проектот „Жолтото е зелено“, сите вработени во Општина Кичево, во ЈП „Комуналец“ и во училиштата, денеска спроведоа акција за чистење, која вклучуваше поголем дел од улиците на градот.

Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, на вработените им подели обврските во врска со чистењето, а и самиот помагаше за чистење на дел од градот.

dehari

„Ние како општинска администрација имаме преземено акција за почист град, бидејќи ова е нашето секојдневие. За жал, секој ден ги поминуваме овие улици и забележуваме голема нечистотија за која сите ние сме одговорни, бидејќи вакви активности не се преземени од пред независноста на Македонија. Сакаме да влијаеме на свеста на граѓаните да го почитуваат законот за јавна чистота. Сакам да ги известам граѓаните дека од понеделник, во соработка со МВР Кичево, ќе има систематски контроли низ градот и сите што не го почитуваат овој закон ќе бидат казнети“ – рече Дехари.

DSC00541

Во акцијата не учествуваа другите јавни установи од Кичево, кои не се под локалната власт.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он

18-годишно момче со автомобил усмрти пензионер, па избега од местото на нсреќата

Фатмир Дехари ќе се бори за уште еден градоначалнички мандат во Кичево

Горан Наумовски