Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по денешната жрепка во Барселона ги доби противниците за Еврокупот, второто меѓународно натпреварување во кое настапува сезонава.
„Аеродромци“ ќе играат во Г-групата заедно со екипите на Уникс (Русија), Банвит (Турција), ВЕФ Рига (Летонија), Макаби Хаифа (Израел) и Талин (Естонија).
Составот на другите групи е:
А-група: Нимбурк, Канту, Ле Ман, Остенде, Цибона и Артланд.
Б-група: Билбао, Цедевита, Сасари, Спироу, Шалон и Олденбург.
Ц-група: Валенсија, Унион Олимпија, Варезе, Асвел, Улм и Париз.
Д-група: Алба Берлин, Сарагоса, Виртус Рома, Монс, Бон и Гравелин.
Е-група: Химки, Каршијака, Хапоел Ерусалим, Игокеа, Лукоил Академика и Плоешти.
Ф-група: Будуќност, Новогород, Анкара, ПАОК, Кимик и Алба Фехервар.
Х-група: Спартак СПБ, Бешикташ, Паниониос, Нептунас, Раднички и Бисонс Лоима.
Трите најдобро пласирани екипи од секоја група продолжуваат во следната фаза.