Секој трет сопственик на оружје во светот доаѓа од САД

Од:

Од почетоткот на борбата за независност за земјата па се до денес во САД оружјето стана составен дел од животот на речиси секој американски државјанин.

Седум големи трагедии се случиле во историјата на САД поради употребата на оружје од страна на приватни лица меѓу кои и последната во Колорадо, кога киното беа убиени 12, а беа повредени повеќе од 58 луѓе.

Од 300 милиони американски државјани, околу 270 милиони од нив легално поседуваат оружје. На секои две или три години во земјата се случува трагедија, предизвикана од напаѓачи кои користеле приватно оружје.

Една таква трагедија се случи во 2011 година, во Тусон, Аризона, за време на говорот на еден член од Претставничкиот совет, Габриел Гифордс, кога убиецот Ли Џаред отвори оган врз толпата народ и усмрти шест лица.

Според статистичките податоци на Центарот за приватно оружје, САД е на прво место во светот по бројот на луѓе кои поседуваат оружје, односно 96 лица од 100 поседуваат некој вид на пиштол или пушка.

Секоја година како последица на користење на оружје се евидентираат околу 100 илјади жртви, додека околу 30 илјади луѓе страдаат при несреќи или самоубиства во кои се користат легално поседувани оружја.

Многу аналитичари тврдат дека треба да се променат правилата според кои сега засега многу лесно се добива ваков убиствен предмет, со цел да се минимизираат трагедиите како што е последниот случај со Џокерот на промоцијата на филмот за Бетмен.

Би можело да ве интересира

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

САД поддржуваат две постојани места за африканските земји во Советот за безбедност на ОН

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи