А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Крводарителска акција во чест на Тоше

by А1он05/10/2013 - 10:25194
Share0

Во Домот на АРМ денеска од 9 до 18 часот ќе има крводарителската акција „Јас штотуку спасив живот, а вие?”, која обожавателите на Тоше Проески ја организираат секоја година во чест на својот идол и во сеќавање на неговиот последен концерт.

Добивај вести на вибер

– Хуманоста не смее да биде наша обврска, хуманоста треба да стане наше задоволство и духовна храна. И овојпат да покажеме дека во Скопје и Македонија живеат граѓани кои на дело ја изразуваат својата хуманост следејќи го примерот на нашиот Тоше, апелираат обожавателите.

За време на акцијата во Домот на АРМ ќе има изложба на уметнички слики со ликот на Тоше од младиот уметник Александар Поповски.

Фан-клубот на Тоше утре ќе го организира петтиот музички хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, од 19.30 часот на плоштадот „Македонија“.

Ѕвезденото небо се одржува секоја година на 5 октомври во сеќавање на последниот концерт на најголемата македонска музичка ѕвезда, одржан на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје. Оваа година е поместен за ден подоцна зашто вечер во центарот на Скопје ќе се одржува манифестацијата „Бела ноќ“.

– Дојдете да ја исполниме неговата желба, секоја година да не има во што поголем број. Заедно да се сеќаваме, пееме и да го славиме животот на нашата најголема музичка легенда Тоше Проески. Тагата никогаш нема да запре, но неговата големина секогаш ќе ги грее нашите срца, соопштија фановите на Тоше.

krvtose

Би можело да ве интересира

Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Ана Ололовска16/10/2020 - 08:2116/10/2020 - 08:55

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

Ана Ололовска13/10/2020 - 13:25

Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

Ана Ололовска25/01/2020 - 08:58

Дванаесет години без Тоше

Ана Ололовска16/10/2019 - 08:37

Рози во чест на Тоше Проески

Ана Ололовска15/10/2019 - 12:58

Традиционална крводарителска акција во спомен на Тоше Проески

Ана Ололовска25/01/2019 - 08:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен