Прогласени за виновни 53 лица во најголемиот судски процес за корупција во историјата на Шпанија

Од:

Шпански суд прогласи за виновни 53 лица, а 42 ги ослободи од обвиненијата, во најголемиот судски процес за корупција во историјата на земјата кој траеше две години.

Делото се однесуваше на измами и корупција со недвижни имоти во луксузното туристичко место Марбела во јужниот дел на Шпанија во средината на 90-тите години од минатиот век. Меѓу обвинетите има и поранешни претставници на локалните власти, адвокати и бизнисмени.

Се претпоставува дека „мозок“ на корупцискиот скандал е поранешниот советник за градско планирање на Марбела, Хуан Антонио Рока, кој доби најдолга казна од 11 години затвор, за перење на пари, добивање и давање поткуп и измама. Рока се наоѓа во затвор од 2006 година.

Поранешните градоначалници на Марбела, Марисол Јаге и Хулиан Муњос, кои се осудени на шест, односно две години затвор.

Криминалот започнал уште во времето кога градоначалник на овој град бил веќе починатиот сопственик на фудбалскиот клуб „Атлетико Мадрид“ Хесус Хил, од 1991 до 2001 година.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата