Од „Фукушима“ повторно истече радиоактивна вода

Од:

Околу 430 литри радиоактивна вода истекоа од еден резервоар на оштетената нуклеарна централа „Фукушима“, при дел од неа се излеала во Тихиот Океан, соопшти денеска Токиското енергетска корпорација (ТЕПКО).

Иако не е утврдено колкаво количество радиоактивна вода истекло во океанот, јапонската Влада соопшти дека ситуацијата е „под контрола“.

По катастрофалниот земјотрес и цунамито кои во 2011 година ги оштетија реакторите во „Фукушима“, ТЕПКО складираше 300.000 тони радиоактивна вода во резрервоари.

Радиоактивната вода во овие контејнери содржи 580.000 бекерели радиоактивни супстанци на литар, меѓу кои стронциум 90. Законски дозволената граница за стронциум 90 е 30 бекерели на литар.

Според медиумите, водата вчера се излеала од еден од 1.050-те резрвоари, кој по грешка бил преполнет.

Јапонската Влада минатиот месец најави дека ќе вложи стотина милиони долари за изградба на заштитен ѕид околу „Фукушима“, со цел да се запре истекувањето на радиоактивна вода.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови