Моше Јалон: Израел нема никогаш повеќе да ги потцени своите непријатели

Од:

Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон изјави дека Израел никогаш повеќе нема да ги потцени своите непријатели.

Потсетувајќи на 40 годишнината од војната Јом Кипур, меѓу Израел, од една и Египет и Сирија од друга страна, кога израелската Армија за прв пат претрпе пораз во историјата на нејзините војувања со арапските земји,министерот Јалон вели дека поразот на почетокот од војната е последица на израелското чувство за супериорност, по победата во војната од јуни 1967 година.

Според израелскиот министер за одбрана, по војната во 1967 година во Израел имаше „премногу самодоверба, ароганција и отсуство на внимателност“ па се случи она на Јом Кипур. Но Израел никогаш повеќе нема да дозволи да ни се повтори ситуацијата како таа пред четири децении-вели Јалон.

Во октомври 1973 година, на еврејскиот празник Јом Кипур, египетската армија успеа незабележана да го премине Суецкиот канал и да ги нападне и порази Израелците, кои тогаш го држеа под окупација Синајскиот Полуостров. Во натамошниот тек на кусата војна, позната и како Октомвриска, израелската Армија по првиот пораз успеа да се поврати и во контра офанзива, да го премине Каналот и на египетската територија да ги порази Египќаните,создавајчи си отворен пат кон Каиро. По интервенција на САД, израелската Армија го запре напредувањети и по договорениот прекин на огнот, се повлече кон Синај.

Египет, сепак, ја одбележува Октомвриската војна како прва победа над Израел, а Израелците остана да го паметат поразот на Јом Кипур како своја „темна дамка“, без разлика што по оваа војна тие успеаја да добијат признание на нивната држава од Египет, која на тој начин стана првата арапска земја што го прифаќа постоењето на Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Натанијаху во ОН остро го нападна Иран, посочувајќи го како закана за мирот и за иднината на неговата земја. Тој тогаш навести дека Израел е подготвен за унилатерален напад врз Иран ако не успее дипломатијата за нуклеарната програма на Техеран. Во Тел Авив се стравува и од иранскиот сојузник во регионот, шиитската организација Хезболах која и понатаму е силен фактор во Либан.

Израелците стравуваат дека борците на Хезболах би можеле да дојдат во посед на сириското хемиско оружје. Оваа недела на населението во Израел им беа делени гас маски,како заштита од евентуален хемиски напад.

Би можело да ве интересира

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот