Во Израел жителите не може да се изјаснат како Израелци

Од:

Жителите на Израел не може да се регистрираат како Израелци бидејќи тоа може да има последици по еврејскиот карактер на државата, се вели во документи од израелскиот Врховен суд до кои имале увид американски медиуми.

Таквата одлука е одговор на барање на 21 Израелец од кои поголем дел се официјално регистрирани како Евреи – Судот да одлучи дали тие може да се регистрираат како Израелци.

Таа група луѓе тврдат дека без секуларен еврејски идентитет израелската политика фаворизира Евреи и дискриминира малцинства.

Во пресудата на 26 страници, Судот објаснува дека тоа би предизвикало тешки последици на државата Израел и може да претставува опасност за принципот врз кој е занована таа држава да биде еврејска за еврејскиот народ. Таа одлука се однесува на клучни дебати во Израел која се смета за еврејска и демократска држава, а се бори тоа да го урамнотежи.

Факт е дека државата официијално не ја признала израелската националност.

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија