Руската Академија за духовно единство на државите во светот, го предложија претседателот Владимир Путин за Нобеловата награда за мир за 2014 година, за неговите „големи усилби да ја спречи американската воена интервенција во Сирија, претворајќи ја тамошната криза во меѓународен мировен процес“.
Оваа Академија, според нејзината интернет страница, постои повеќе 20 години, работејќи на, како што се вели, изградбата на мостови на пријателство меѓу Русија и светот.
Во Академијата членуваат низа руски пратеници, како и тамошни дипломати и научници. Членовите на руската Академија за духовно единство сметаат дека претседателот Путин заслужува да биде кандидат за Нобеловата награда, „ништо помалку заслужен од американскиот претседател Барак Обама“ кој во 2009 година ја доби оваа престижна награда, на почетокот од неговиот прв претседателски мандат.
Академиците веруваат дека евентуалното доделување на наградата на Владимир Путин би било признение на напорите на рускиот претседател за мир во светот, за почитувањето на државниот суверенитет и на межународното право.