Анкета: Мнозинството Израелци поддржуваат еднострана воена интервенција врз Иран

Од:

Мнозинството Израелци поддржуваат унилатерална воена интервенција врз Иран, покажуваат резултатите од денеска објавената анкета, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во ОН дека неговата влада е подготвена да делува сама.

Околу 65 проценти од вкупни 500 израелски Евреи анкетирани од провладиниот весник „Хајом“, поддржуваат воен напад за запирање на иранската нуклеарна програма и 84 отсто веруваат дека Иран нема намера да се откаже од намерата да создаде нуклеарно оружје.

Израел и голем број Западни земји го обвинуваат Техеран дека се обидува да разработи нуклеарно оружје, што Иран го негира, тврдејќи дека неговата нуклеарна програма е за мирни научни цели.

Нетанјаху во вторникот во рамките на своето обраќање пред Генералното собрание на ОН изјави дека Израел е подготвен да делува самостојно со цел да го запре Иран во создавање на нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија