Нов закон: Иранците можат да се женат со ќерките

Од:

Иранските пратеници усвоија контроверзен закон кој овозможува на татковците да се женат со своите посвоени ќерки, кои не смееат да бидат помлади од 12 години. Пратениците тврдат дека законот е во интерес на децата, додека борците за заштита на човековите права, тврдат дека се работи за легализација на педофилија.

Советот на чуварите на исламската револуција, тело составено од свештеници и правници се уште не се изјасни за контроверзниот закон. Според сегашниот закон во Иран, на девојчињата постари од 13 години им е дозволено да се мажат, но само со одобрување на таткото, додека момчињата можат да се женат кога ќе наполнат 15 години.

Во посебни случаи и девојчињата помлади од 13 години можат да се мажат, но со одобрување на судот. Според сегашниот закон, венчавањето со посвоените деца е забранет.

Иранскиот итнернет сајт „Табнак“ пренесува дека во 2010 година дури 42.000 деца на возраст меѓу 10 и 14 години се венчале во Иран.

– Ова е легализација на педофилијата. Венчавањето со посвоените деца не е дел на иранската култура. Во Иран постои инцест како и во сите држави во светот, но овој закон претставува криминал, изјави Шади Садр, адвокат од организацијата „Правда за Иран“, чие седиште е во Лондон.

Контроверзниот закон претставува големо разочарување откако на претседателските избори во Иран победи модернистот Хасан Рохани. Тој во август го наследи конзервативниот, Махмуд Ахмадинеџад. Рохани предизвика големо внимание кај јавноста кога се согласи телефонски да разговара со Барак Обама, претседателот на САД.

Тоа е првиот знак на стоплување на односите меѓу двете земји уште од револуцијата во 1979 година. Конзервативците Рохани го гаѓаа со чевли по враќањето во земјата од седницата на Генералното собрание на ОН.

Би можело да ве интересира

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

ВИДЕО: Откажани се летовите од аеродромите во Иран

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ