Почина првата жена-астронаут на САД

Од:

На 61-годишна возраст почина Сали Рајд, првата жена-астронаут на САД. Рајд почина по долго боледување од рак. Американката дури два пати отпатува во вселената, 1983. и една година подоцна, во 1984. година, поминувајќи таму 343 часа.

Рајд отпатува во вселената со Челинџер во 1983. година кога имаше 32 години. Откако таа го скрши мразот, повеќе од 42 Американки го следеа нејзиниот пример и отидоа во вселената.

Порака за сочуство испрати американскиот претседател Барак Обама, во чие соопштение стои „Сали беше национален херој и силен пример. Таа инспирираше генерации млади девојки да посегнат по ѕвездите“.

Рајд беше физичар, автор на неколку научни книги за деца и претседателка на компанија во нејзина сопственост.

Беше професор по физика на Калифорнискиот универзитет во Сан Диего. Во 1978 била избрана за кандидат за астронаут. Победи 5 други жени кандидатки за патот во вселената. Рајд беше испратена на ова патување цели 2 децении откако Русија испрати жена – астронаут во вселената.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија