Три момчина се здобија со тешки повреди, а едно со полесни, откако синоќа беа избодени во Нов пазар, Србија.
Како што пренесуваат српските медиуми, тепачката се случила во 19 часот вчера, откако еден напаѓач по кратка вербална расправија извадил нож и убодил четири ученици од трета година.
Повредените веднаш се префрлени во центарот за здравје, каде им и е укажана помош. Сите се наоѓааат вон животна опасност.
Српските медиуми пренесуваат дека напаѓачот е пронајден и уапсен од полицијата.