Бујар Нишани ја презема функцијата претседател на Албанија

Од:

Новиот албански претседател Бујар Нишани попладнево и официјално ќе ја преземе функцијата, откако на седница на Парламентот ќе даде заклетва, јави дописникот на МИА од Тирана.

Цермонијата на давањето заклетва почнува во 18:30 часот во собраниската сала. По заклетвата  ќе биде интонирана националната химна, по што Нишани ќе одржи поздравен збор.

На свеченоста се очекува да присуствува дипломатскиот кор, претставници на политичкиот и општествениот  живот, како и оние на верските заедници.

Нишани, беше избран во четвртиот круг на гласање во Парламентот, спроведен на 11 јуни. Неговата кандидатура ја поддржаа 73 пратеници, од 76 колку што учествуваа во гласањето, еден од пратениците беше против, две гласачки ливчиња беа неважечки. Пратениците од опозициската Социјалистичка партија беа присутни во салата, но не гласаа.

Четириесет и шест годишниот Нишани, пред изборот за претседател, ја вршеше фунцијата министер за внатрешни работи. Тој е шестти претседател на посткомунистичка Албанија.

Во изминатите пет години шеф на албанската држава беше Бамир Топи.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски