Еден од најдобрите кошаркари во 70-те години од минатиот век, Сергеј Белов, на 69-годишна возраст почина во Перм, пренесе Макфакс.
Сергеј Александрович Белов е роден на 23. јануари 1944 година, во Нашчиоково, со кошарка започнал да се занимава во 1964 во Свердлоск.
Како играч на ЦСКА Москва освои 11 шампионскиот титули во СССР, а во 1969 и 1971 година со оваа екипа бил и европски првак.
Со репрезентацијата на СССР, за која настапувал цели 14 години, освоил златен медал на ОИ во Минхен во 1972 година, три бронзени олимписки медали (1968, 1976, 1980), две титули светски (1967, 1976) и четири титули европски првак (1967, 1969, 1971, 1979).
По завршувањето на играчката ја започнал тренерската кариера, со ЦСКА Москва освоил две титули во СССР (1982, 1990), а со Урал две шампионски титули во Суперлигата на Русија (2001,2002).
Како селектор на Русија освоил две сребра на Мундијалите во 1994 и 1998 година и бронза на Еп во 1997 година.
Сергеј Белов е првиот кошаркар кој не потекнува од САД кој влегол во „Куќата на славните“, во Срингфилд тоа се случи на 11.мај 1992 година.
Во „Куќата на славните“ на ФИБА е примен во 2007 година, а Евролигата во 2008 година го избра за еден од 50-те кошаркари, кои најмногу придонеле за развојот на европската кошарка. к