Турскиот Парламент го продолжи мандатот на армијата за прекугранични операции во Сирија

Од:

Турскиот Парламент денеска за уште една година го продолжи мандатот на армијата за извршување прекугранични воени оперции во Сирија во случај на закана за Турција.

За поддршка на новата резолуција гласаа пратениците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и на опозициската Партијата на националистичка акција (МХП). Главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), како и курдската Партија за мир и демократија (БДП), уште пред гласањето најавија дека ќе се изјаснат „против“ усвојувањето на резолуцијата.

Резолуцијата им дава овластување на турските вооружени сили да реагираат на секакви закани од сириска страна и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на националната безбедност.

Турскиот Парламент пред една година одобри резолуција за прекугранична воена операција, која може да биде спроведена доколку Владата процени дека тоа е потребно, откако на почетокот на октомври минатата година при минофрлачки напад од Сирија загинаа петмина цивили во турскиот град Акчакале.

За време на гласањето по резолуцијата минатата година, турската Влада ја потенцираше потребата од нејзино усвојување, поради зајакнувањето на негативното влијание на кризата во Сирија врз стабилноста и безбедноста во регионот и врз националната безбедност на Турција.

– Постоечкиот ризик и заканите не се намалени, напротив тие се зголемени, изјави пред гласањето министерот за одбрана Исмет Јилмаз.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ