Левица: Уште нема осомничени од актуелните функционери за трагедијата во Кочани

Од:

По незамисливата трагедија во Кочани, која настана поради непостапувањето на низа институции, јавноста оправдано очекува дека ниту едно лице не смее да биде амнестирано од одговорност. Но, освен градоначалникот Папазов, ниту еден друг функционер од актуелната власт не се јавува како осомничено лице во истрагата, велат од Левица.

– За Левица е скандалозно што директорот на Државниот пазарен инспекторат – Влатко Стојкоски е целосно иземен дури и од морална одговорност, особено после податоците дека повеќе од половина угостителски објекти работеле без или со истечена лиценца. Уште на 27 јануари, актуелниот директор на ДПИ најавил “ригорозна контрола” на угостителите, но очигледно оваа контрола ја одминала дивоградбата во Кочани, каде на 16 март се случи тешката трагедија.

Иако, во градовите надвор од Скопје се вработени над 100 пазарни инспектори, евидентно е нивното непостапување се до трагедијата. Ваквите факти говорат дека инспекторатите се полнат со партиски вработувања, додека нивната основна законска должност воопшто не ја обавуваат. За длабоката корумпираност на системот, која се надоградува со секоја власт, доволно говори следниов податок: во општина Тетово сите шест објекти работеле без лиценца, иако само се вработени во Тетово 26 пазарни инспектори!

Левица јавно прашува – дали министерот Тошковски ги штити директорите како Влатко Стојкоски, затоа што доаѓаат од неговата партија?! Не може и не смее да се амнестира одговорноста на актуелните функционери, особено во контекст на ваква незапамтена трагедија. Директорот на ДПИ Влатко Стојкоски најпрво треба да понесе морална одговорност и самиот да си поднесе оставка, а потоа, органите на прогонот низ непристрасна и објективна истрага да утврдат дали има и кривична одговорност кај директорот на Пазарниот инспекторат, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица