Пратениците конечно се враќаат на работа

Од:

Македонското Собрание денеска треба да ја започне 42. седница, а претходно пратениците во рамки на 38. седница треба да гласаат за единствената точка која остана неразгледана – Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. За пратениците ова ќе бидат први собраниски заседанија по двонеделната пауза по трагедијата во Кочани на 16 март кога загинаа 59 лица, а над 190 беа повредени.

Четириесет и втората седница, пак, е новозакажана, и на неа предлог точки се Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка , Предлог законот за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата,по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување на Законот за учебници во основно и средно образование, исто така по скратена постапка.

На седницата по скратена постапка се предложени и Предлог законот за изменување на Законот за основното образование, Предлог законот за дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Предлог законот за изменување на Законот за безбедност и здравје при работа, Предлог законот за изменување на Законот за работните односи, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за стручно образование и обука, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, Предлог законот за изменување на Законот за просветната инспекција, како и Предлог на закон за изменување на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, но овој во прво читање.

Пратениците во рамки на оваа седница треба да го разгледаат и Барањето за давање на автентично толкување на член 44 став (2) од Законот за спречување корупцијата и судирот на интереси (“Сл.Весник на РМ” бр.12/2019), поднесено од градоначалникот на Општина Гевгелија.

Во Собранието денеска ќе се одржат седници и на три комисии.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски