ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и непочитувањето изразено на фудбалскиот натпревар во Тетово

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и непочитувањето изразено на фудбалскиот натпревар во Тетово. Тоа не само што не е етички, туку и го нарушува единството и солидарноста која е повеќе од потребна во овие моменти. Не сакаме да веруваме дека ова е дел од едно сценарио за нарушување на меѓусебните етнички односи, но очигледно националистичките и шовинистички скандирања се последното прибежиште на оние кои во политиката гледаат можност на криминал и богатење“ реагираа попладнево од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „Ова не треба да се претстави како тензија помеѓу Македонците и Албанците, бидејќи изразуваме огромна почит кон Албанците за своите гестови на сочувство и почит кон своите сограѓани Македонци поради неодамнешната трагедија во Кочани“.

„Од тие гестови треба да се земе пример за заедништво, соживот и меѓусебна почит и да биде светлина во моменти на трагедија и предизвици, но и кога вакви провокации како оваа денес од страна на мала контролирана група ќе се обидат да го нарушат спокојот на сите наши граѓани. Благодарност до сите етнички заедници за својот придонес и поддршка на своите сограѓани Македонци во овие тешки времиња на тага и предизвици. Со демонстрирањето на заедништво и меѓусебна почит, Македонија, докажува дека е посилна од сите оние кои сакаат да ја однесат во лош правец. Бараме реакција од сите општествени чинители кои мораат да влеат доверба и меѓусебна почит“ е партискиот став.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси