Од спроведените акции во изминатите девет месеци од 2013-та година собрани се вкупно 525 единици крв, информираат од општинската организација на Црвениот крст.
Во текот на септември донирани се 28 единици крв во службата за трансфузиона медицина при општата болница во Гевгелија.
Бројката, посочуваат од општинската организација на Црвениот крст, не е рекордна во споредба со други години,но сепак се оценува како задоволителна.
Надлежните од гевгелискиот Црвен крст соопштија дека до крајот на годината ќе организираат уште четири дарителски акции во гимназиите во Гевгелија и Богданци,во текстилната фабрика „Бреботекс“ во Богданци и во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија.