Новиот премиер на Албанија, социјалистот Еди Рама, објави дека поранешниот британски премиер Тони Блер ќе биде советник на Владата за прашањата поврзани со ЕУ интеграциите.
– Блер ќе биде ангажиран лично, целосно и доброволно во советувањето на Владата и ќе помогне со своето исклучително искуство и политичката генијалност, наведе Рама.
Блер истакна дека е „голем предизвик за Владите да ги реализираат плановите“. Рама, кој од минатиот месец е премиер на Албанија, вети дека неговата Влада ќе создаде 300.000 работни места и ќе ја намали сиромаштијата. Најновите истражувања покажуваат дека еден од седумте Албанци живеат со помалку од два долари дневно.
Албанија е една од најсиромашните земји во Европа со просечна месечна плата од 265 евра.