Таравари: Денес осум пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште девет пациенти

Од:

На денешната изјава за медиумите, министерот за здравство д-р Арбен Таравари информираше дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и во добра состојба, од кои осум пациенти денеска се пуштаат на домашно лекување.

-Во моментот осум пациенти се лекуваат во Клинички центар, од кои шест на токсикологија и двајца на пластична хирургија, шест пациенти во Стара градска болница, пет во ГОБ 8 Септември и три лица во Систина. Во странство во моментот се хоспитализирани 91 пациент, а денеска е планирано да се вратат вкупно девет пациенти од повеќе земји – Унгарија, Италија, Грција, Србија и Шведска, истакна министерот Таравари.

Во однос на пациентите кои се во критична состојба, министерот посочи дека одредени лабораториски иследувања покажуваат подобрување во однос на претходните денови.

-По враќањето на пациентите од странство, мора да се придржуваме до протоколите од кризниот штаб, односно задолжително се вршат токсиколошки анализи и се спроведува 24-часовен надзор, порача министерот.

Би можело да ве интересира

Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица

ВРЕДИ: Не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Владата ја прифати оставката на Папазов, сега веќе екс градоначалник на Кочани

ДУИ: Независна истрага за „Пулс“, надвор од рацете на оние што ја овозможиле трагедијата

Тројца од повредените во кочанската трагедија и натаму се во критична состојба

Катерина Ѓуровски

Законски измени со кои ќе се забрани употреба на пиротехника во затворен простор