Реновирана железничката пруга од Миравци до Смоквица

Од:

Во Миравци денеска е пуштена во употреба реновираната железничка пруга од Коридорот 10 на делницата Миравци-Смоквица во должина од 12,4 километри.

На настанот присуствуваат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, генералниот директор на Македонски железници, Оливер Дерковски, директорот на „Инфраструктура“ Ирфан Асани и градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов.

Министерот Јанакиески истакна дека последниот ремонт на пругата е направен пред 43 години и оти денеска оваа делница е целосно реновирана, а во финална фаза е и делницата Табановце-Куманово.

– Ова е само првиот дел од предвидениот ремонт на 55,4 километри пруга на Коридорот 10 со финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој во висина од 17,6 милиони евра, додека вториот дел ќе се состои во ремонт на делницата Ногаевци-Неготино во должина од 31 километар, нагласи Јанакиески.

Директорот на МЖ „Инфраструктура“, Ирфан Асани информира дека ремонтот се состоел од комплетна замена на дотраените дрвени прагови со армирано-бетонски, замена на шините со нови, како и прочистување на стариот толчаник и замена со нов.

– Сега постоечките шест патни премини на овој дел се изработени со горен строј од рециклирана гума и се многу побезбедни при преминување, а исто така и пероните на стојалиштата во Милетково и Стара Смоквица се реконструирани со вградување нови армирано-бетонски елементи, рече Асани.

Со ремонтот на пругата Миравци-Смоквица се овозможува возење со брзина од 100 до 120 километри  на час и поголема сигурноста во железничкиот сообраќај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Несекојдневна глетка во Романија – авион заглави под надвозник

А1он

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Делумен прекин на железничкиот сообраќај – бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал

Мицкоски: Почеток на изградбата на градски воз, железницата на пат кон развој

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри