Рoхани: Иран ќе разговара за нуклеарната програма, а не за правото за обогатување на ураниум

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави во Техеран дека Иран ќе разговара за својата нуклеарна програма, а не за иранското право за обогатување на ураниум.

Ние сме отворени за разговори околу деталите од иранската нуклеарна програма, вклучувајќи го и обогатувањето на ураниумот рекол Рохани на средбата со владиниот кабинет, истакнувајќи ја одново познатата, стара позиција на Техеран за иранското „фундаментално право“ да работи на обогатувањето на ураниумот. За властите во Иран, тоа на земјата и е потребно „исклучиво за мирни цели“.

– Иранското право за обогатување на ураниумот, не е за преговарање, но Иран мора да види што другата страна (меѓународната шесторка) ни нуди, рекол Рохани.

Ваквата изјава е веднаш „покриена“ со објаснувањето дека Иран е отворен за преговори и за прашањето на обогатениот ураниум, што е дел од договорот за можноста по успешните преговори да дојде до укинување на меѓународните санкции кон Иран.

Обогатувањето на ураниумот е технологија за производство на нуклеарно гориво, но доколку се продолжи процесот на обогатување, може да се искористи за изработка и на нуклеарно оружје.

Рохани беше избран за претседател ова лето, добивајќи ја поддршката на центристите и на реформистите и залагајќи се за нов приод во односите со Западот. Тој одржа смирувачки говор на Генералното собрание на ОН, договори продолжување на разговорите околу иранската нуклеарна програма и имаше „историски“ телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама, прв меѓу лидерите на двете земји по 1979 година.

Подоцна овој месец, во Женева е закажано продолжување на преговорите меѓу Иран и „шесторката“ што ја сочинуваат петте земји, постојани членки на Советот за безбедност (САД,Велика Британија, Франција, Русија и Кина) и Германија.

Би можело да ве интересира

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

ВИДЕО: Откажани се летовите од аеродромите во Иран

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ