Во Белград в сабота ќе се одржи хуманитарен концерт во спомен на загинатите во Кочани

Од:

Хуманитарен концерт во спомен на загинатите во трагичниот пожар во Кочани – проект „Мевлем“ – ќе се одржи в сабота на 29 март во културниот дом Пароброд во Белград, соопшти Белградската музичка младина.

„Мевлем“ е уметнички концепт на композиторот и поет Марко Виденовиќ кој ги поврзува музиката и поезијата, создавајќи простор за подлабоко разбирање, исцелување и сочувство преку уметноста, јави МИА од Белград.

Проектот „на публиката и нуди уникатно емотивно искуство, суптилно допирајќи ги темите на загубата, љубовта, сеќавањето и надежта“, се вели во соопштението.

„Концертот е можност колективно да се изрази солидарноста со повредените и нивните семејства и да се оддаде почит на жртвите од трагедијата. Влезот е бесплатен, а секој кој е во можност да донира пари ќе биде добредојден. Сите собрани пари ќе бидат наменети за семејствата на повредените за време на пожарот“.

Ќе настапат Марко Виденовиќ (пијано/рецитација), Памела Велкова (виолина), Верица Ајтовска (виола) и Енис Алји (виолончело).

Концертот (сабота,19:00 часот), го организира Белградската музичка младина и долгогодишен пријател – Музичката младина на Северна Македонија, се вели во соопштението. „Нека „Мевлем“ биде лек за целото наше општество“, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

ВИДЕО: Објавена снимка од приведувањето на градоначалникот на Белград Александар Шапиќ

Катерина Ѓуровски

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Денеска е погребот на Ратко Младиќ

А1он

Белградска парада на гордоста: Голем дел од центарот на градот затворен, сообраќајот променет

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on