Во Валенсија, град на исток на Шпанија, од неодамна пепелот на починатиот го разнесуваат во воздух со помош на огномет.
Овој нов погребен ритуал, го промовира една локална фирма, која тврди дека голем број семејства го прифаќаат овој „експлозивен“ начин за разделба со починатиот.
Според пишувањето на весникот „Вос де Галисија”, посмртниот пепел се става во пиротехничката направа со матичен код на починатиот, кој што го содржи неговото име и лични податоци, со чие што палење, пепелта се разнесува во небото, со што на покојникот му е олеснето заминувањето од овој свет.
Елена Георгиевска