„Летал“ со 104 километри на час на булевар во Скопје, немал ниту возачка дозвола

Од:

Полицијата фатила неодгворен возач кој во Скопје на булеварот „Александар Македонски“, без возачка дозвола возел со 104 километри на час. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.

– Денеска (22.03.2025) во 12.48 часот полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул.”Александар Македонски” во Скопје сопреле патничко возило “фолксваген голф”, управувано од М.Е., затоа што го управувал возилото со брзина од 104 км на час во населено место каде дозволена брзина е 50 км на час. Покрај тоа, М.Е. го управувал возилото без важечка возачка дозвола. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 а од КЗ- “безобѕирно управување со моторно возило”, информираше Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР