Кац се заканува со анексија на делови од Газа доколку Хамас не ги ослободи заложниците

Од:

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац се закани дека ќе анектира делови од Појасот Газа доколку Хамас не ги ослободи заложниците што се уште ги држи. Кац и наредил на израелската војска (ИДФ) да преземе дополнителни делови од Појасот Газа и да издаде наредби за евакуација на палестинските цивили од тие области, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Доколку терористичката организација Хамас продолжи да одбива да ги ослободува заложниците, наредив на ИДФ да заземе дополнителни области, да го евакуира населението и да ја прошири безбедносната зона околу Газа за да ги заштити израелските заедници и војниците на ИД, преку постојана контрола над областа“, рече Кац.

Тој додаде дека се додека Хамас продолжува да одбива соработка, ќе губи се повеќе територии, кои ќе бидат припоени кон Израел.

Кац додаде дека Израел ќе ја интензивира својата воена кампања против Хамас, вклучувајќи „проширување на копнените операции додека не се ослободат заложниците и Хамас не биде поразен“.

Тој исто така рече дека Израел ќе го примени „сиот воен и цивилен притисок, вклучително и евакуација на населението во Газа на југ и спроведување на планот за доброволна миграција на жителите на Газа, како што предложи американскиот претседател Доналд Трамп“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крајот на војната е блиску, најавува Израел еден ден откако беа убени 100 луѓе во Газа

Катерина Ѓуровски

ИДФ: Убиен е основачот и организаторот на Хамас на нападот од 7 октомври

САД: Израел и Хамас да постигнат договор, да се вратат заложниците

Горан Наумовски

Кац: Израел се обиде да го убие Хамнеи за време на војната

ВИДЕО: Израел не запира со нападите во Газа, само денеска над 20 убиени

Катерина Ѓуровски

Kaц: Наредив силни напади врз Техеран

Горан Наумовски