„Дејли телеграф“: Убиен шеф на иранската програма за водење на кибервојна

Од:

Моџтаба Ахмади, шеф на иранската програма за водење на кибервојна пронајден е мртов во шума во близина на градот Караџ, северозападно од Техеран. Веста ги поттикна обвинувањата дека внтерешни силите извршуваат планирани убиства на клучни претставници на иранската безбедност, пишува „Дејли телеграф“.

Од 2007 година до денес убиени се петмина ирачки нуклеарни научници, како и шефот на иранската програма за балистички ракети. Официјален Техеран за убиствата ја обвини израелската разузнавачка агенција Мосад.

Ахмади последен пат бил виден во саботата кога одел на работа, а подоцна е откриено неговото тело, до два куршими во срце.

Според локалната полиција на местото на убиството биле видени две лица на мопед.

Во соопштението од Гардата на револуцијата се наведува дека се истражува смртта на Ахмади и се апелира да не се шпекулира кој е одговорен за убиството.

Последна жртва на слично убиство беше Мостафа Ахмади Рошан, хемичар, кој работеше на збогатување на ураниум во Натанз. Тој загина кога во неговиот автомобил беше подметната бомба.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он