Владата ги осуди неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известувањето на трагичниот настан во Кочани

Од:

Владата изразува најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај континуираните апели за почитување на етичкото новинарство, денеска ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за погребот во Кочани.

-Во време кога интегритетот, точноста и одговорноста треба да бидат основата на известувањето, сведоци сме на непочитување на овие принципи. Сензационализмот и стремежот кон фотографии и наслови кои вознемируваат, привлекуваат внимание и кои имаат предност пред вистината, ја деградираат самата суштина на новинарството. Ова не само што е неприфатливо, туку е и длабоко штетно за целокупната јавност, но уште поважно за поединците и семејствата на погодените во оваа огромна трагедија. Искористувањето на моментот на жалост и тага заради спектакл е за осуда, се наведува во соопштението од Владата.

Оттаму ги повикуваат уште еднаш сите медиуми да се придржуваат до највисоките стандарди на професионално известување и да ги почитуваат личната болка и достоинство.

-Правото на информации никогаш не смее да биде по цена на основната човечка пристојност. Ќе продолжиме да очекуваме одговорно известување кое му служи на јавниот интерес. Владата останува посветена на транспарентноста и слободата на медиумите, но нема да премолчиме на неетички практики кои ги нарушуваат принципите на чесност и почит. Ги повикуваме релевантните меѓународни медиумски тела да го забележат ова и да го запрат овој опасен тренд пред дополнително да ја нарушат довербата на јавноста, се потенцира во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски