ФБИ исклучи портал за продажба на наркотици

Од:

Федералното истражно биро (ФБИ), соопшти дека американските власти го исклучиле интернет порталот „Патот на свилата“ за продажба на наркотици меѓу кои хероин и кокаин, како и за криминалните активности како што се нарачување на убиства и го уапсиле сопственикот.

Дваесет и деветгодишниот Рос Вилијам Улбрихт, познат како Пират Робертс, е уапсен во Сан Франциско, и е обвинет за измама за продажба на наркотици, хакирање компјутери како и за перење пари.

„Патот на свилата“, стана едно од најсофистицираните и најголемо криминално продажно место на интернет, рече агентот на ФБИ, Кристофер Тарбел и додаде дека порталот го користеле илјадници дилери за продажба на разни дроги.

Порталот кој што е во функција уште од почеток на 2011 година, исто така нудел упатства за хакирање на банкомати, листи на контакти за поврзување со црниот пазар и измамниците и ангажирање на платени убијци.

Хемискиот инженер Улбрихт, наводно во март 2013 година ангажирал еден корисник на сајтот да убие друг, кој се заканувал дека ќе го објави идентитетот на сите корисници на порталот доколку не му испрати пари. Меѓутоа бидејќи убиството не е докажано, Улбрихт не е обвинет.

Повеќе од 900.000 регистрирани корисници на порталот купувале и продавале дрога, со помош на дигиталната валута биткоин. Полицијата ја запленила оваа валута во вредност од 3,6 милиони долари, која што е користена наместо готовина или кредитни картички .

Во обвиненијата, против Улбрихт се наведува дека преку порталот е остварена продажба за повеќе од 9,5 милиони биткоини, што е еднакво на 1,2 милијарди долари.

Валутата која што е во употреба од 2008 година, за прв пат и го привлече вниманието на полицијата во средината на2011, откако во медиумите беше поврзана со порталот „Патот на свилата“, пренесуваат црногорски „Вести“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ