Порталите од здружението Онлајнмедиа нема да ги снимаат и фотографираат испраќањата на загинатите во кочанската трагедија

Од:

Во овој период на жалост, кога болката од згаснувањето на 59 животи е неизмерна, треба да се почитува приватноста на семејствата, а медиумите да известуваат одговорно и професионално. Бидејќи, загубата на овие млади животи е толку трагична и трогателна и воопшто не се потребни светлата на камерите да сведочат за скршените души што ќе се збогуваат со своите чеда за последен пат.

Редакциите на членките на Онлајнмедиа одлучија да не се снимаат погребите на загинатите не само во Кочани, туку и во сите други градови во земјава. Исто така, членките на Онлајнмедиа (onlinemedia.mk) нема да објавуваат видеозаписи и фотографии од погребите, ниту од други медумски куќи.

И жителите на Кочани до медиумите упатија апел да не се злоупотребува трагедијата и тагата на луѓето за сензационализам и да се обезбедат достоинствени услови за погребите.

Би можело да ве интересира

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Забрана за летање и снимање со дронови на десетина локации во земјава

Предраг Петровиќ

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Тошковски: Ако постои правило дека дрон не сме да лета над толпа, тогаш тоа не треба да се прави

Предраг Петровиќ

Манев: Палевски ја одлепи траката од устата на Вања, ја сликаше со вперен пиштол, а откако ја уби во ранче го спакува пиштолот

Предраг Петровиќ

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница