Николиќ на заседание во ПС на Советот на Европа

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, денес ќе зборува на пленарното заседание во Парламентарното собрание на Советот на Европа (СЕ), а во текот на претстојот во Стразбур ќе има и низа средби со официјални лица на СЕ.

Тој ќе се сретне со претседателот на Парламентарното собрание на СЕ, Жан Клод Мињон и заменикот на генералниот секретар на СЕ, Габриела Батаин Драгон.

Српскиот претседател ќе разговара и со шефовите на политичките групи во Советот на Европа и со градоначалникот на Стразбур, Ролан Риом.

Во државната делегација на Србија која што претстојува во Стразбур, помеѓу остнатите се и српскиот амбасадор при Советот на Европа, Зоран Поповиќ и советникот на претседателот Марко Ѓуриќ, наведува службата за соработка со медиумите на Србија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ