Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

Од:

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека нема да се организираат големи собири, како што првично беше најавено, а активностите за искажување почит кон загинатите во Кочани ќе се организираат на ниво на факултети.

– Со цел да не се создаваат поголеми гужви во моменти кога медицинската помош и полицијата се најпотребни на други локации, големи собири по кампуси нема да се организираат, како што беше првично планирано. Активностите за искажување на почит и сочувство ќе можат да се организираат на ниво на факултети, по иницијатива на факултетските студентски собранија, а УСС-УКИМ ќе понуди логистичка помош, се наведува во соопштението од УСС-УКИМ.

Оттаму повторија дека на првиот собир од нивна страна не била поканета министерката за образование.

– Министерката од наша страна не беше поканета да присуствува, ниту да одржи говор. Нејзиниот говор, самото одржување, како и неговата содржина не беа во агендата на одвивање на настанот. Нашата одлука, за која што со мнозинство се изгласа на состанокот на 16.03, беше само двеминутно обраќање на ректорката во знак на солидарност и изразување сочувство, велат од УСС-УКИМ.

Би можело да ве интересира

Поднесено е обвинение против сопственикот на агенцијата која ја обезбедуваше кочанската дискотека „Пулс“

Горан Наумовски

Марш на ангелите во Кочани: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли!

А1он

Протестен „Марш на ангелите“: Овој случај да добие епилог, да не се заташка и заборави

ВИДЕО: Пет месеци по трагедијата, родителите на жртвите повторно маршираа во Кочани

Катерина Ѓуровски

16. Марш на ангелите во Кочани: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“?

Горан Наумовски

Продолжен е притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“