Тошковски: Заврши обдукција на настраданите од Кочани, повредени се 196 лица

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека се идентификувани и е завршена обдукцијата на сите 59 починати лица од трагичниот настан во Кочани. При пожарот, како што посочи, со повреди се здобиле 196 лица, од кои 20 се деца.

-Во однос на 59 починати лица, сакам да истакнам дека сите се идентификувани, и на 18.3.2025 година е завршена обдукцијата за сите. При пожарот, со повреди се здобиле 196 лица, од кои 20 деца, рече Тошковски на денешната прес-конференција.

Тој информира дека во моментот 93 повредени се на лекување во скопските болници, а 80 се транспортирани во странство и тоа Србија, Бугарија, Турција, Грција, Австрија, Литванија, Словенија, Унгарија и Хрватска.

Би можело да ве интересира

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентира докази за „Рубикон“ – агенцијата што ја обезбедуваше опожарената дискотека

Судење на „Пулс“: Се презентираа докази за инспекциските надзори во дискотеката

ВИДЕО: „Не го оставаат гробот на мојот син“ – таткото на загинатиот тапанар од ДНК реагира на 14 кражби од гробот на Ѓорѓи

Катерина Ѓуровски

На рочиштето за „Пулс“ презентирани записници од инспекциски контроли и документација за градба

Обвинителство во судница презентираше видеа од настапот на ДНК и моментот кога избувна пожарот во „Пулс“

А1он

Девојка сведочеше за трагедијата во „Пулс“: Настана паника по извикот „се запали“