Четири екипи останаа во конкуренција за пласман во групата Д од Евролигата. По синоќешните натпревари Остенде и Банвит им се приклучија на Олденбург и на Литвос Ритас во полуфиналето.
Остенде го победи Химки со 90:79 (20:18, 18:22, 21:19, 30:20), додека Банвит беше подобар од Нимбурк со 87:78 (26:24, 26:16, 18:18, 17:20).
Според програмата денеска во првото полуфинале од 17 часот во „Сименс Арена“ ќе се појават Олденбург и Литвос Ритас, додека од 19:30 часот е натпреварот меѓу Остенде и Банвит.
Победниците од полуфиналните натпревари утре од 19:30 часот го играат финалето на квалификациите, а победникот од тој натпревар ќе игра во групите од Евролигата.