Меѓународен собир „Кирилометодиевската традиција и македонско-руските духовни и културни врски“

Од:

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје по повод 1.150 години од Моравската мисија и од словенската писменост, организира Меѓународен научен собир на тема „Кирилометодиевската традиција и македонско-руските духовни и културни врски“.

На научниот собир што ќе се одржи денеска и утре во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Охрид, на отворањето ќе се обратат министерот за образование и наука Спиро Ристовски, поглаварот на Македонската православна црква архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски. Како што е најавено, ќе учествуваат  универзитетски професори и научни истражувачи од Република Македонија и од Руската Федерација.

Темите на рефератите на учесниците се посветени на кирилометодиевската проблематика во контекст на македонско-руските духовни и културни врски од периодот на средновековието, преродбата и современите состојби, како и на општите духовни, културни, книжевни или писмени процеси што ја третираат македонската или руската традиција.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование