Тошковски: Приведени 15 лица за трагедијата во Кочани

Од:

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција објави дека по трагедијата во Кочани „Има осомничено дваесетина лица, од кои околу 15 се во полициска станица, а дел од осомничените се починати“.

„Согласно сомненијата кои ги имаме досега од аспект на осомничени, дел се во болниците. Четири лица се обезбедени во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека, и управител на правното лице кое што ја менаџирал дискотеката. Приведено е едно лице кое што е организатор на настанот, и за кое што имаме сомнение дека директно влијаел врз тоа да се случи трагедијата. Приведен е поранешен државен секретар на министерството за економија, поранешен директор на еден сектор на министерството за економија, поранешен директор во Дирекција за заштита и спасување, и тројца вработени во дирекцијата“ рече Тошковски.

Појасни дека „Разговори од страна на полициските службеници е извршен со над 25 лица досега и се продолжува со собирање на докази“, вели Тошковски.

Министерот додава дека легална лиценца за работа оваа фирма нема.

„Не би сакал да откривам повеќе детали, но сакам да кажам дека и оваа лиценца, како и многу други работи во Македонија во минатото е поврзана со мито и корупција. Да и напоменам на македонската јавност дека за разлика од претходно, во овој случај ќе имаат име и презиме оние кои се директно вклучени во нелегалното издавање на лиценци, и ќе одговараат“, рече Тошковски.

Би можело да ве интересира

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

Тошковски ги отфрли барањата за оставка: Резултатите на МВР се најдобри досега

Горан Наумовски

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

Обвинителство во судница презентираше видеа од настапот на ДНК и моментот кога избувна пожарот во „Пулс“

А1он

Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите полицајци во Диво Насеље

Тошковски: Криминалот е на најниско ниво во последните 20 години