Тошковски: 51 жртва во трагедијата во Кочани, над 100 повредени

Од:

„Според првичните информации, пожарот настанал како последица од искри од пиротехнички средства од кои се запалила кровната конструкција. Според првичните информации, 51 лице го загуби животот, а има над 100 повредени во трагедијата во Кочани. Во овој момент најбитно е да утврдат сите факти и докази, да изразиме сочувство до фамилиите, да бидеме смирени во сите чекори, за вакво нешто да не се повтори“ изјави предмалку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој рече дека „Секој кој има одговорност, ве уверувам дека ќе одговара. Преку оперативниот штаб е дадено напаствие до сите клиники, болници по идентификација на загинатите да бидат известени фамилиите. Секако мора да се постапи по насока на обвинител, да се изврши обдукција. Починати има во повеќе болници“.

„Сите информации ќе бидат споделени за 2 часа. Дел од лицата се приведени, дел од организаторите на настанот се дел од оние кои се тешко повредени. Во координација сме со ЈО, упатени се истражители тука“ рече Тошковски.

Порача дека „Секој еден од нас треба да чувствува морална одговорност, не познавам нормален човек што не би имал морална одговорност“.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски за заплената на марихуана: Никој не е над законот

А1он

(ВИДЕО) Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број прекршоци

ВИДЕО: „Сејф сити“ стартува за седум дена, во првата фаза на ризичните локации

Катерина Ѓуровски