Слаб земјотрес утринава во Валандово, почувствуван и во Струмица

Од:

Рано утринава во 04 часот и 13 минути телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, на 125 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и Струмица, како и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

Такичи после земјотресот во Јапонија: Има загинати и голема материјална штета

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Иран

Горан Наумовски

Земјотрес во Пехчево и Берово

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција