Рускиот филозоф и писател Александар Дугин изјави дека глобалистичките лево-либерални сили имаат намера да спроведат Шарена револуција бидејќи се незадоволни од раководството на Србија кое го брани суверенитетот на земјата.
Дугин оцени дека нова Шарена револуција ќе доведе до распад на Србија и дека тоа ќе биде удар од кој Србија никогаш нема да закрепне.
Во интервју за „Политика“, Дугин изјави дека глобалистичките лево-либерални сили се незадоволни од позицијата на претседателот Александар Вучиќ и силните личности како вицепремиерот Александар Вулин, кои, како што оцени, го бранат принципот на суверенитет на Србија и покрај чекорот на земјата кон европската интеграција.
Тој посочи дека лидерите на Србија не се согласуваат да ја признаат независноста на Косово и не се подготвени да се приклучат на глобалистичката политика на антируски санкции, како и дека се посветени на националниот суверенитет и се стремат да го бранат тој суверенитет во тешки услови.
Дугин рече дека структурите на Сорос, поддржани од УСАИД и други глобалистички структури, иницираат Шарена револуција со крајна цел да ја соборат владата во Србија.