Захарова: Зеленски ја турна Украина во позиција на целосна зависност

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска оцени дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја „втурнал“ таа земја во позиција на целосна зависност.

Коментирајќи ја изјавата на Зеленски дека официјален Киев никогаш нема да ги признае Крим и Донбас како дел од Русија, таа рече дека „смешно е да се слушаат приказни за независност од човек кој ја турнал својата земја во целосна зависност“, пренесува РИА Новости.

Според неа, „украинските власти го направија украинскиот устав бесмислен до крајност и го принудуваат својот народ да трпи беззаконие“.

Претходно денеска Зеленски изјави дека официјален Киев никогаш нема да го признае губењето на териториите што Русија ги зазеде за време на специјалната операција во Украина за време на можните мировни преговори.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју со американските блогери Ендрју Наполитано, Лери Џонсон и Марио Науфал изјави дека Украина би ги задржала границите од 1991 година, без Крим и дел од Донбас, доколку официјален Киев соработувал и ги спроведувал сопствените иницијативи.

Тој истакна дека властите во Киев морале да ги почитуваат договорите од Минск доколку сакаат да ги зачуваат своите државни граници.

Во вторникот во Саудиска Арабија се одржаа преговори меѓу делегациите на Украина и САД, по што кабинетот на Зеленски објави заедничко соопштение во кое се наведува дека Киев е подготвен за американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот кој може да се продолжи со заедничка согласност на конфликтните страни.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

Захарова за Стармер: Ме потсетува на клептоман педофил кој сака да се вработи во детска градинка

А1он

Захарова: Зеленски одбива мир и е опседнат со продолжување на војната

А1он

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Немаме делегација во Минхен објави Русија

Катерина Ѓуровски

Захарова: САД ќе ги задржат своите пропагандни медиуми

А1он