Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ ќе го прекине учеството во преговорите со Приштина доколку не се смени одлуката на косовската Влада за забрана на влез на српски официјални лица во Косово, јави Танјуг.
Дачиќ за тоа утре ќе ја извести високата претсатвничка на Европската унија, Кетрин Ештон.
Косовскиот заменик премиер Хајредин Кучи претходно изјави дека од утре, кога почнува кампањата за локалните избори во Косово, па до крајот на кампањата 1 ноември, на ниту едно официјално лице од Србија нема да му биде дозволен влез во Косово.