(ВИДЕО) Стојаноски: Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома

Од:

Кога СДС и ДУИ го штитат судството, всушност штитат криминал од 167 милиони евра, Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома. Со години Македонија ја трујат со отровен, канцероген мазут, и за тоа се платени стотици милиони евра од буџетот преку разни тендери. Шемата во којашто се вмешани врвни функционери на СДС, како Васко Ковачевски кој е во бегство, синот на пратеникот Јахоски кој има бизнис мрежа која се протега до зетот на Али Ахмети е тешка 167 милиони евра, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Оваа шема со години ја труеше Македонија, а тие испумпаа стотици милиони евра. Тоа што институциите го процесуирале до правосудните органи е веќе познато за целата јавност. Граѓаните знаат кој ги труел и притоа ги крадел. Само судиите на СДС и ДУИ ги штитат криминалците. Наместо најстроги мерки за обезбедување на присуство, судиите на СДС и ДУИ го пуштиле дома синот на пратеникот Јахоски, газда на Пуцко Петрол.

Иако помеѓу осомничените има лица кои се во бегство, како Васко Ковачевски, судот верува дека останатите нема да бегаат. Со што се увери судот дека и другите осомничени, кои се имотни, нема да се впуштат во бегство? Кој ќе одговара ако уште некој од осомничените избега? До кога судиите ќе им служат на СДС и ДУИ, а не на народот. Пресудите се носат во име на граѓаните, а не во име на партиите СДС и ДУИ. Судиите да се освестат и да почнат да работат по закон. Одговорноста за секој пропуст и криминал е нивна – рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со набавката на канцероген мазут бил загрозен животот на граѓаните

Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут

Предраг Петровиќ

Кривични пријави за Капушевски и Јахоски за перење пари: одземена документација, муниција, возила

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Стојаноски: Откриени злоупотреби со јавните набавки во 19 здравствени установи и клиники

(ВИДЕО) Стојаноски: Директорите од СДС и ДУИ во јавните здравствени установи набавувале лекови кои не се на листата што ја утврдува ФЗО

Стојановски: Ќе направиме се што е возможно за да се донесе законот за заем од Унгарија