Мбапе се израмни со Шукер, за рекорд му требаат уште 9 гола

Од:

Килијан Мбапе има одлична дебитантска сезона за Реал Мадрид.

Само е март, а Французинот веќе постигна 29 гола на 42 натпревари и е најдобар стрелец на мадридскиот клуб.

Мбапе исто така е на добар пат да стане рекордер на Реал по бројот на постигнати голови во неговата дебитантска сезона.

Имено, со голот против Рајо Ваљекано викендов, Мбапе се израмни на петтото место на тој ранг со Хуго Санчез и Давор Шукер.

Санчез постигна 29 гола во својата дебитантска сезона во 1985/86 година, додека Шукер постигна 29 гола во 1996/97 година.

Пред Мбапе има само четворица, а рекордер е Иван Заморано, кој во сезоната 1992/93. постигна 37 гола на 45 настапи. Со оглед на тоа што има уште многу време и натпревари до крајот на сезоната, Мбапе лесно би можел да го собори тој рекорд.

Играчи со најмногу голови во дебитантската сезона за Реал:

Иван Заморано – 37 голови/45 настапи

Кристијано Роналдо – 33 гола/35 настапи

Руд ван Нистелрој – 33 гола/47 настапи

Роналдо Назарио – 30 голови/44 настапи

Давор Шукер – 29 голови/43 настапи

Уго Санчез – 29 голови/49 настапи

Килијан Мбапе – 29 гола/42 настапи

Би можело да ве интересира

Нурмагомедов за смената на Чаби Алонсо во Реал: Го отпуштија поради разгалени деца

А1он

Новиот тренер на Реал: Ако сакав да сум како Мурињо, ќе бев спектакуларно неуспешен

А1он

Чаби Алонсо доби отказ од Реал Мадрид

А1он

Мбапе отсуствува три недели поради повреда на коленото, нема да игра во шпанскиот Суперкуп

По 22 години Реал Мадрид со поразителна статистика – само еден удар кон голот на противникот

А1он

Чаби Алонсо е пред отказ

А1он