Трагедија во Хрватска: Три деца загинаа во пожар

Од:

Страшна трагедија се случи синоќа во ромската населба Куршанец кај Чаковец. Три деца загинаа во пожар во семејна куќа. Децата биле на возраст од девет, седум и три години. Бебе родено минатата година е спасено.

„Целата заедница е во шок. Ова е непоправлива загуба за семејството и за целата наша населба“, изјави за Međimurski.hr претседателот на ромската заедница во Меѓимурје, Матјаш Дидо Оршуш, изразувајќи длабок шок од овој трагичен настан.

Сите детали за околностите околу пожарот се уште не се познати. Полицијата пристигнала на лице место и врши увид за утврдување на причините за трагедијата. Во тек е специјална истрага каде биле родителите во моментот на пожарот.

Би можело да ве интересира

Во Словенија уапсен убиецот од Меѓумурје

А1он

Трагедија во Меѓумурје: Ја уби невенчана сопруга, па ја застрела нејзината сестра, полицијата трага по осомничениот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Антифашистички маршеви во Хрватска, маскирани мажи во црно направија инциденти во Риека и Задар

Катерина Ѓуровски

Експлодира непозната направа во Хрватска, повредени се три деца

(ВИДЕО) Снежен хаос во регионот – автомобилите останаа заглавени на пат

А1он

Се урна авион во Хрватска

А1он