Хамас: Воената ескалација против Палестинците најверојатно ќе доведе до убиство на заложници

Од:

Секоја израелска воена ескалација против Палестинците најверојатно ќе доведе до убиство на некои заложници, изјави денеска портпаролот на Хамас Абу Обеида, додавајќи дека израелските закани за војна и блокада нема да обезбедат ослободување на заложниците.

Обеида предупреди дека каква било израелска воена ескалација против Хамас во Газа најверојатно ќе доведе до убиство на некои заложници, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека израелските закани за војна и блокада нема да обезбедат ослободување на заложниците и тврди дека Хамас останува посветен на придржувањето до договорот за прекин на огнот со Израел, чија прва фаза неодамна беше завршена.

Би можело да ве интересира

Хамас: Ескалацијата на израелските напади на Западниот Брег нема да ја скрши волјата на Палестинците

Израел ги врати телата на 15 Палестинци во Газа

САД го поддржуваат Хамас: Израел верува дека милитантите знаат повеќе, тие го негираат тоа

Трамп: Ако Хамас продолжи да убива луѓе во Газа, ќе дојдеме и ќе ги убиеме

ВИДЕО: Хамас врати уште две тела на заложници, бара време и опрема за пронаоѓање на останатите

Катерина Ѓуровски

Хамас ги предаде останките на уште четворица починати заложници