Турските власти значително ги прекршија човековите права за време на антивладините протести, кои се одржаа во јуни, се наведува во извештајот на Амнести интернешнл, кој е објавен денеска.
– Обидите за разбивање на протестите во паркот Гези вклучуваат серија кршења на човековите права во поширока смисла. Тие вклучуваат големо оспорување на правата за мирно собирање и кршење на правата на живот, слобода, како и слобода од измачување и злоупотребување, се вели во извештајот.
Шест лица загинаа, а околу осум илјади граѓани беа повредени за време на повеќенеделните протести в Истанбул и другите градови на Турција, а во извештајот се наведува дека властите употребиле оружје, солзавец, водени топови и физичка сила против ненасилните демонстранти.