(ВИДЕО) Тепачка пред белградското собрание: Приватно обезбедување се пресмета со граѓаните кои протестираа

Од:

Тензичната ситуација во Србија, денеска се прелеа пред зградата на белградското собрание каде граѓаните кои протестираа пред објектот влегоа во физичка пресметка со приватното обезбедување ангажирано од Градот. Четворица активисти се приведени јавуваат српските медиуми.

Граѓаните и опзициониерите кои протестираат тврдат дека членовите на приватното обезбедување ги нападнале во моментот кога се обиделе да ја тргнат металната ограда поставена пред зградата.

По инцидентот, пред Собранието се појави полицијата и приведе четворица активисти под соменние дека биле инволвирани во тепачката.

Нередите се случија непосредно по завршувањето на седницата на собранието на Белград на кој опозициските советници ја пуштаа и ја пееја химната, а претставниците на власта, експресно, без дискусија изгласаа 40 точки од дневниот ред.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Возач загина во судир на камиони кај Стара Пазова

А1он

Во Германија откриен вирус Хепатитис А во смрзнато овошје од Србија

А1он

(ВИДЕО) Момче (14) пропадна низ покривот на поранешна фабрика во Белград – има тешки скршеници

А1он

Цариниците најдоа злато скриено во чорапи на српско-црногорската граница

А1он

Хаос во репрезентацијата: Ватерполистите се изјаснија – 11 од нив повеќе не сакаат да играат за Србија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 4,1 степен во Србија, почувствуван и во Унгарија и Хрватска