Битолскиот новинар и публицист Константин Петровски го објави романот „Браќата на Александар“ кој, како и претходните книги, е во електронско издание.
– „Браќата на Александар“ е краток роман напишан на 80 страници, во кои се испреплетуваат трилер, романса и политика, односно теми од политиката, историјата и културата, рече Петровски.
Илустрацијата за корицата е на академскиот сликар Виктор Лозанов. Петровски ги има објавено и книгите „Филтер Југославија“, збирката патописи „На пат одам, за пат прашам“ и романот за деца „Вардан“.